Шеќерни јаболка - вкус од детството

Десерт кој ќе ви ги врати сеќавањата од детството. Зашеќерени јаболка беа нашите омилени десерти кога бевме деца и имавме привилегија да ги јадеме само за време на празници или кога циркусот ќе дојдеше во градот. Еве како да ги направите дома.
захаросани јаболка


состојки: 
  • 10 мали јаболка 
  • 1 кг шеќер 
  • 10 стапчиња долги 20 см 
  • 1 прашок црвена прехрамбена боја 
 Подготовка:
  1. Измијте ги добро јаболката отстранете ја дршката и прободете ги со стапчето.
  2. Ставете го шеќерот во тенџере и на тивка температура карамелизирајте го додека не добие бледо жолта боја. Бидете внимателни да не загори. Додадете црвена боја, промешајте и тргнете го тенџерето од оган. 
  3. Веднаш секое јаболко се потопува во карамелот и се става на хартија за печење. 
  4. Оставете да се изладат и да се стврднат.
  5. Уживајте во вкусот на детството!