БИТОЛСКА ПИЦА

Ова е нешто што јас го нарекувам "Битолска пица". Првпат ја направив вчера, откако го прочитав рецептот во една од моите омилени групи за готвење на FB. Ги променив состојките малку за да се добие повеќе вкyсот на македонска храна :). Бев воодушевена од резултатот и изненадена од брзината на припрема. За полесно сечење на состојките користете сецко.


Состојки:

За тестото:
  • 240 г брашно
  • 120 г растопен путер или масло
  • 4 лажици вода
  • половина лажиче сол
За фил:
  • 200 г сецкана шунка
  • 200 г кашкавал за пица
  • 3-4 јајца
  • 1 павлака (200 мл)
  • 3-4 маслинки
  • 1 парче сецкан праз (по желба)
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • оригано
Начин на подготовка:
  1. Исецкајте ги состојките за филот во саканата големина и облик и измешајте се заедно со јајцата и павлака.
  2. Подгответе го тестото со мешање на состојките за тестото и раширете го во подмачкана тава. Нека не ве загрижyва некомпактноста на тестото, такво треба да биде, ова не е класично тесто за пица.
  3. Истyрете го филот врз тестото, наросете оригано и ставете да се пече во загреана рерна на 200 C степени.
  4. Проверете со чепкалка за заби дали е готова пицата. Тестото на крај треба да биде потврдо.